Олмо пристигна во Лајпциг, се очекува потпис во наредните неколку часа! (ВИДЕО)

Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо (21 година) пристигна во Германија и набрзо и официјално ќе стане нов член на бундеслигашот Лајпциг.

Бундеслигашот во борбата за потпис на Олмо ги победи неколку европски гиганти, меѓу кои и Милан и Барселона.

По одличните сезони во дресот на Динамо Загреб, Олмо одлучи да направи исчекор во кариерата, па на крајот го одбра Лајпциг како најдобра опција за него. Од овој трансфер тимот од Загреб ќе заработи над 30 милиони евра плус 15 како бонуси доколку германскиот клуб ги оствари зацртаните цели.