Огромна трагедија: Се удави голем талент на холандскиот фудбал!

Талентираниот 15-годишен фудбалер на Ден Хаг, Макс Ванг, трагично го загуби животот, откако се удави, а телото му беше пронајдено две недели подоцна.

Тој со двајца пријатели заминал на пливање во близина на местото Монстер во Холандија, кога одеднаш биле одвлечени од силна струја далеку од брегот. Останатите на плажата веднаш се обиделе да им помогнат и успеале да ги спасат пријателите на Ванг, но не и него бидејќи морете веќе го одвлекло предалеку.

Била направена интензивна деноноќна претрага, која, сепак, не давала резултат, сѐ додека денеска не било забележано неговото безживотно тело од луѓе кои шетале на плажата.