Официјално: Суарез го облече дресот на Атлетико Мадрид

Луис Суарез вчера се збогуваше со Барселона, а денеска го засили Атлетико Мадрид, по што пристигна официјална потврда преку социјалните мрежи.

Уругваецот пристигна во Атлетико како замена за Алваро Мората, а со екипата од Мадрид потпиша двегодишен договор.