Официјално: ПСЖ му го продолжи договорот на Тухел (ФОТО)

Францускиот шампион ПСЖ реши да му го продолжи договорот на тренерот Томас Тухел, иако претходно се шпекулираше дека ќе биде заменет поради раната елиминација во Лигата на шампиони.

Тухел според новиот договор ќе остане во ПСЖ до 2021 година, а финансиските детали од нивната соработка не се објавени.

„Цело семејство на ПСЖ е среќно што Тухел го продолжи договорот“, кажа претседателот на клубот, Насер Ал-Келаифи.