Официјално: Покетино е нов тренер на Челси!

Аргентинскиот тренер Маурицио Покетино потпиша договор со лондонскиот гигант Челси и ќе го преземе тимот на 1 јули 2023 година, а пред него е тешка задача откако клубот имаше една од најлошите сезони во последните 30 години.

Покетино потпиша договор на две години со „сините“, со опција истиот да биде продолжен на уште една сезона доколку оствари добри резултати со премиерлигашот.

„Среќни сме што доаѓа Покетино во Челси. Тој е тренер од светска класа и може да ни помогне да ги оствариме целите во следната сезона“, кажа газдата на Челси, Тод Боели.

Аргентинецот досега во кариерата ги тренираше Еспањол, Саутемптон, Тотнем и ПСЖ.