
ОФИЦИЈАЛНО: Џеј Пи Морган е инвеститорот за Суперлигата - буџетот е „боли глава“
Американците ќе инвестираат дури шест милијарди евра во лигата за нејзиното формирање. Клубовите ќе имаат огромен буџет на располагање, а првичните шпекулации се дека секој тим само за учество во лигата ќе добие по 350 милиони евра.
Тука не се вметнати и дополнителните пари од тв-правата и маркетингот, како и наградата за конечниот пласман во Суперлигата. Победникот може да инкасира и награда од 120 милиони евра.
Ова секако се неверојатни суми на пари, кои се преседан во светскиот фудбал.