
Обидот за забрана не помина за еден глас, премиерлигашите ќе можат да позајмуваат од исти газди!
Потребни беа 14 гласови за да се изгласа забраната, но за неа гласаа само 13 клубови.
Тоа значи дека Њукасл ќе може слободно да позајмува од клубовите кои ги поседува ПИФ.
Има и други со газди кои поседуваат повеќе клубови. Таков е и Кристал Палас чиј газди го поседуваат и Лион.
Групацијата која го поседува Манчестер Сити исто така е сопственик на уште неколку клубови во светот.