Обемејанг не кажува дали ќе остане во Арсенал, ама Артета е убеден во тоа!

Херојот на лондонски Арсенал, Пјер Емерик Обемејанг, кој ги даде двата гола во победата на „топчиите“ против Челси (2-1) во финалето на ФА-Купот, не сакаше да открие дали ќе остане и понатаму на „Емирати“, но менаџерот на лондончани Микел Артета е убеден дека после освојувањето на трофејот ќе следи и – нов договор.

Обемејанг, кој беше капитен на Арсенал и стана првиот африканец што го кренал пехарот во најстарото островско натпреварување, не одговори на прашањето дали има порака за навивачите околу неговото останување.

„Немам ништо! Денеска сè е околу трофејот“, рече Обемејанг.

Артета, пак, е многу оптимист дека Габонецот ќе остане, иако влезе во последната година и во јануари може да доовори трансфер за на лето да замине бесплатно.

„Пјер знае што мислам јас за него, знае дека сакам да направам тим околу него и мислам дека сака да остане и сега сè е да на тоа да се договориме. Но, мислам дека ваквите моменти ќе му помогнат побрзо да одлучи, дека е на правата патека, знае дека сите го сакаат во клубот и јас се надевам дека ќе остане. Мислам дека ќе потпишеме нов договор“, изјави Артета.