Обелоденети причините зошто Барса нема намера да го купи Гризман

Иако пред неполни две недели каталонски медиуми објавија дека се активира повторно опцијата за францускиот репрезентативец Ентоан Гризман да дојде во Барселона, откако летоска не успеа најавениот сто милионски трансфер да се реализира, раководството на шпанскиот првак сепак донело одлука – да не се купува напаѓачот.

Шпански медиуми ги обелоденија причините поради кои Барселона се откажала од опцијата за Гризман и сето тоа како одговор на реакцијата на сестрата на фудбалерот, која како негов менаџер експресно одговори на најавите за можен трансфер летово. Барселона во реакцијата наводно одговорила дека нема намера да даде 120 милиони евра за Гризман.

Причините за сето ова е фактот дека на „Камп Ноу“ и понатаму се лути што лани летото пропадна трансферот, иако речиси беше договорен и требаше само да се активира откупната клаузула од 100 милиони евра. Но, во екот на Мундијалот во Русија, Гризман преку ТВ-порака објави дека останува во Атлетико и сега поради тоа во Каталонија немаат намера да го ангажираат францускиот фудбалер. Особено и поради тоа што Гризман јавно ја соопштил одлуката и ги разочарал, а претходно не ги информирал дека не сака да дојде и дека планира да остане во Мадрид.

Втора причина поради која Барса нема намера да го купи Гризман е фактот дека имаат помлада пикирана ѕвезда и тоа во Србинот Лука Јовиќ, во кого гледаат долгорочно засилување и напаѓач кој треба да го наследи Луис Суарез, кога Уругваецот ќе си замине од Каталонија.