Новиот стадион на Милан и Интер треба да биде готов до 2030 година
Култниот стадион „Сан Сиро“ ќе биде урнат, по што ќе се изгради нов и модерен со капацитет од 71.500 седишта, а целта е стадионот да биде целосно подготвен пред почетокот на Европското првенство (ЕП) во 2032 година.
„Јасно е дека сакаме стадионот да биде готов пред ЕП 2032. Се надеваме дека тоа ќе се оствари, иако планот е градежните работи да бидат завршени до 2030 година“, кажа Марота.