Нови детали: Менди ги заклучувал девојките и ги силувал во луксузна вила!

Фудбалерот на Манчестер сити, Бенџамин Менди се соочува со сериозни обвинувања за силување, поради кои се појави пред судот во Англија.

„Дејли Мејл“ објави дека на сослушувањето било соопштено дека Менди силувал жени во заклучени соби во богата вила.

Менди го искористил богатството и славата за да ги натера да дојдат во неговиот дом, по што ги заклучувал и ги силувал, откако дел од нив одбивале да имаат секс со него.

Две жени во полиција кажале дека ги силувал Менди и негов пријател, кој ги пронаоѓал жртвите.

„Менди е предатор кој не им давал шанса на жртвите“, кажал државниот обвинител.