Новата ера на Њукасл започнува со нов менаџер: Стив Брус е пред отказ

Новите сопственици на Њукасл сакаат веднаш да воведат промени во клубот, кој има високи амбиции во блиска иднина и сака да се бори за трофеи како во Англија, така и во Европа. 

Актуелниот менаџер Стив Брус наскоро се очекува да добие отказ, а прв „пик“ на челниците на „црно-белите“ е менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс.

Иако се споменуваа и други далеку попознати тренерски имиња, новодно Њукасл го сака само Роџерс. Поранешниот стратег на Ливерпул и Селтик, работи одлично во таборот на „лисиците“. 

Засега не е јасно дали Роџерс ќе прифати да ја промени клупата сред сезона или ќе го одбие моментално најбогатиот фудбалски клуб во светот.