Нов трофеј за ПСЖ, но повредата на Мбапе загрижува (ВИДЕО)

Фудбалерите на ПСЖ го освоија трофејот во Купот на Франција, откако во финалето со минимални 1-0 славеа против Сент Етиен.

Стрелец на единствениот погодок беше Нејмар во 14. минута. Но, овој триумф ќе остане во сенка поради големиот инцидент кој се случи во 29. mинута по кој пожолтеа дури осум фудбалери (заедно со неколку од клупата за резерви), а беше доделен и еден црвен картон. Од овој натпревар најдебелиот крај го извлече Килијан Мбапе, кој поради повреда излезе во 33. минута, а парижани стравуваат дека ќе останат без неговите услуги и за натпреварите во ЛШ.