Нистелрој си замина од Јунајтед - со најдобар процент во пост-Фергусон ерата!

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтер, Рубен Аморим не прифати во неговиот стручен штаб да биде Руд ван Нистелрој кој на претходните четири натпревари ги водеше „ѓаволите“, како привремен тренер на тимот.

Холандската легенда од почетокот на сезоната беше помошник на Ерик Тен Хаг, а потоа го наследи откако неговиот сонародник доби отказ од клубот. Постоеше можност да остане како асистент на Аморим, но португалскиот стручњак не го прифати тоа.

„Благодарни сме на придонесот на Руд и начинот на кој ѝ пристапи на својата улога за времето проведено во клубот. Секогаш ќе биде добредојден на Олд Трафорд. Руд е и секогаш ќе биде легенда на Јунајтед“, пишува во соопштението од клубот.

Иако привремено решение, Ван Нистелрој си заминува од Јунајтед со најдобар ефект во пост-Фергусон ерата. На четирите натпревари на кои беше во улога на прв тренер, оствари три победи и еден нерешен резултат.