Ништо од пензија - Венгер експресно му се враќа на фудбалот!

Можеби веќе нема да води друг клуб, но секако дека ќе се обиде да стане селектор или спортски директор во некој клуб.

Арсен Венгер бара итно враќање на фудбалот, откако денеска најави дека ќе го води Арсенал до крајот на оваа сезона, а потоа ќе биде без ангажман, пренесуваат британските медиуми.

По цели 22 години, Венгер го напушта Арсенал, со кого освои три шампионски титули и седум во ФА Купот.

Со оглед на тоа дека 68-годишниот Французин сѐ уште нема да се пензионира, Французинот ќе се проба или како менаџер или како спортски директор на некој клуб, а не се исклучува можноста тоа да биде Арсенал.