Никој како Роналдо: Ѕвездата на Јувентус испиша нова историја во фудбалот

Кристијано Роналдо во понеделникот можеби не ја доби „Златната топка“ за најдобар светски фудбалер што ја доделува „Франс фудбал“, но затоа во Италија беше одликуван за најдобар фудбалер во Серија А за изминатата сезона (2018/2019).

Со ова Португалецот испиша нова историја во фудбалот, бидејќи стана единствениот фудбалер што некогаш освоил награда за најдобар фудбалер во Премиерлигата, Ла Лига и Серија А.

Роналдо во дресот на Манчестер јунајтед беше прогласен за најдобар фудбалер во Премиерлигата во две сезони (2006/2007 и 2007/2008). Кога играше за Реал Мадрид за најдобар играч во Ла Лига беше прогласен во сезоната 2014/2015.