
Никој како Кварацкелија - сезоната ја заврши со четири трофеи
Неа ја завршува со трофеи во италијанското и француското првенство, потоа со Куп на Франција и пехар од Лигата на шампионите. Во првиот дел од сезоната Кварацкелија беше член на Наполи кој подоцна ја освои титулата во Серија А, а нему му следува меал затоа што учествуваше со пет гола и три асистенции на 19 натпревари. Во јануари се пресели во ПСЖ и со него ги освои останатите три трофеи.
Освен тоа, Кварацкелија е првиот Грузиец кој постигнал гол во финале од Лигата на шампионите откако синоќа погоди за водство на францускиот тим од 4-0о.