Несторовски погоди против шампионот, Славен Белупо освои голем бод

Фудбалерите на Славен Белупо ремизираа на незгодното гостување кај актуелниот шампион Риека (2-2), а македонскиот интернационалец Илија Несторовски беше еден од стрелците на головите.

Несторовски во втората минута од натпреварот ја затресе мрежата на домаќинот и донесе водство од 1-0 на Славен Белупо, а потоа Македонецот беше во главна улога и кога Анте Мајсторовиќ доби црвен картон поради опасен старт.

Риека успеа да израмни по еден час игра преку Ндокит, а набрзо Славен Белупо ја врати предноста преку Јагушиќ во 82. минута.

Риека не се предаваше и успеа да се спаси од пораз против Славен белупо со гол во 85. минута на Дантас.

Македонскиот напаѓач во досегашниот дел од сезоната има постигнато пет голови и три асистенции во хрватската лига.

Фото: Facebook/NK Slaven Belupo