„Несторовски е најлуд во соблекувалната на Удинезе“

Аргентинскиот голман на италијанскиот калчолигаш Удинезе, Хуан Мусо, соиграч на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски во овој клуб го посочи прилепчанецот како најлуд фудбалер задолжен за шеги и смеа во соблекувалната.

Мусо во интервју за италијанските медиуми, го запрашале, кој е најлудиот фудбалер во екипата, а тој се изнасмеал и потоа од прва го посочич – Несторовски.

„Тешко прашање (се смеел), зашто има многу 'лудаци', ама прв што веднаш ми паѓа на памет е – Илија Несторовски. Од прв пат кога ќе го видите, сфаќате дека по маку е 'луд'. Тој постојано нешто се шегува, ги смее сите...“, рекол Мусо.

Несторовски е втор македонски репрезентативец кој од соиграчите е посочен како одговорен за атмосферата во тимот. Пред него, вакви признанија добива(ше) Езгјан Алиоски, левиот бек во Лидс, кој нема меч да не направи некој циркуз со клупскиот снимател и да не им направи некоја лудорија на соиграчите.