Несреќата не оди сама - се повреди Јамал
Тинејџерот не го дочека крајот на синоќешниот натпревар против Леганес затоа што доживеа повреда на скочниот зглоб на десната нога и во 75. минута го напушти теренот. Настапот на Јамал на дербито против разиграниот Атлетико сега е под знак прашалник, а во текот на денов ќе бидат извршени дополнителни тестови и ќе има повеќе информации за состојбата на младиот крилен играч.
Евидентен е и падот во неговата форма последниот месец што во еден дел е и причина за лошите резултати на Барселона која од средината на ноември, освои само пет од можните 18 бода.