Неочекуван кикс на Реал: Селта освои голем бод на „Бернабеу“ (ВИДЕО)

Селта успеа да си замине од „Сантијаго Бернабеу“ со важен бод откако ремизираше против Реал Мадрид (2-2) во 24. коло од Ла Лига.

Смолов во седмата минута од мечот донесе водство за Селта, по што на полувреме гостинската екипа замина со минимални 1-0.

„Кралевите“ немаа друг избор, освен да бркаат пресврт против Селта и тоа успеаа да го направат во второто полувреме преку Крос и Рамос. Сепак, Мина во 85. минута ги постави конечните 2-2.

Реал Мадрид останува лидер во шпанскиот шампионат со 53 бодови, односно еден повеќе од Барселона со 52, трет е Хетафе со 42, а Атлетико Мадрид и Севилја ја делат четвртата позиција со по 40 бодови.