Некој го украл идентитетот на Нејмар за да бара државна помош во Бразил

Еден од најдобрите светски фудбалери Нејмар се најде на листата на баратели на државна финансиска помош во Бразил поради кризата со коронавирусот.

Тоа е само по себе многу чудно со оглед на фактот дека фудбалерот на ПСЖ е еден од најбогатите спортисти во светот, а само неговата годишна плата изнесува 35 милиони евра.

Очигледно е дека Нејмар е жртва на украден идентитет во својата татковина. Лицето кое ги украло сите податоци на фудбалерот, побарал државна парична помош за работници поради кризата предизвикана од пандемијата.

Претставниците на Нејмар немале поим дека фудбалерот е жртва на украден идентитет додека не биле исконтактирани од медиумите да го искоментираат барањето за финансиска помош.

„Очигледно е дека Нејмар никогаш не барал финансиска помош преку оваа програма и немаме поим кој можел да го направи ова. Ние воопшто не бевме свесни за оваа помош, додека не бевме исконтактирани од медиумите“, велат од таборот на Нејмар.