„Не е вистина дека сум барал повеќе пари, туку прифатив 50 отсто помала плата“

Лионел Меси беше емотивен на денешната прес-конференција на „Камп Ноу“ на која се збогуваше со Барселона, каде што мина повеќе од две децении од неговиот живот.

Меси им откри на присутните на пресот дека прифатил и плата помала од 50 отсто, но поради правилата на шпанска Ла Лига и преголемиот долг на каталонскиот гигант не било возможно да се потпише нов договор.

„Бев на ручек со новиот претседател, разговаравме и јадевме. А по ручекот бев убеден дека нема да имаме проблеми и дека ќе потпишам договор. Секогаш сме биле искрени со навивачи. Клубот има голем долг и не е возможно да потпишеме договор. Доколку одложувавме, ќе ги искомплициравме уште повеќе работите, а јас морам да се фокусирам на мојата кариера. Се согласив да го скратам договорот за 50 проценти, не е вистина дека сум барал повеќе пари. Направив сѐ што можам, многу работи кои ги читате во медиумите не се вистина“, објасни Аргентинецот.