Не е само Јамал причина: Каталонците повторно го нападнаа Де Ла Фуенте
Стратегот на Барселона, Ханси Флик прв јавно го критикуваше велејќи дека не мисли на здравјето на Јамал бидејќи го форсирал во септември кога одигра два натпревари. Но, Јамал не беше единствен, критикуван беше Де Ла Фуенте за истата работа и со Педри.
Сега одново шпанскиот селектор е тама во Каталонија откако одлучил да го одмори стоперот на Реал Мадрид, Дин Хујсен. Според каталонските медиуми, ниту еден фудбалер на Барселон никогаш не бил поштеден.
Во критиките се додава и Нико Вилијамс кој наводно имал слична повреда како Јамал и бил поштеден. Ќе потсетиме, Јамал сега не е во составот на Шпанија за овој циклус откако остана во Барселона без да се појави на преглед кај докторите на шпанската репрезентација што беше причина фудбалерот да добива критики од јавноста.
Фото: RFEF