„Не би го земал Јамал на Светско, најдобро за сите е да игра за Мароко“

Дел од Шпанците се бесни на Ламин Јамал, а новинарот Исак Фоуто гласно го кажа она што го мисли откако фудбалерот на Барса покажа непочитување кон националниот тим.

Јамал не го прифати повикот за Шпанија под изговор дека е повреден, остана да се рехабилитира во Барселона.

Тој не дозволи да го прегледаат и лекарите на шпанската репрезентација, а тоа предизвика сомнеж дека не се работи за повреда.

„Не би го земал Јамал на Светското првенство! Тоа што го прави е комплетно непочитување на Шпанија. Најдобро за сите е тој да оди да игра за Мароко“, напиша новинарот, Исак Фоуто.