Навивачите со парола на „Фриули“ за Несторовски: Те чекаме да се вратиш (ФОТО)

Навивачите на италијански Удинезе поставија парола на својот стадион „Фриули“ со поддршка за македонскиот репрезентативен центарфор Илија Несторовски, кој во понеделникот го оперираше коленото и вкрстените лигаменти после повредата на тренингот минатиот викенд.

Несторовски сега го чека долга пауза и тежок рехабилитациски процес, а поради повредата на коленото нема да си го оствари сонот да биде дел од македонската фудбалска репрезентација за претстојното Европско првенство, на кое ќе дебитира Македонија во групата Ц на мечевите со Австрија, Украина и Холандија.

„Напред Несторовски! Те чекаме да се вратиш!“, беше паролата на навивачите закачена на Фриули како поддршка за македонскиот репрезентативец, кој откако дојде во Удинезе не е во прв план кај тренерот, па неговиот голгетерски ефект беше премал сооглед на малата минутажа што ја добиваше.

Удинезе денеска од 18 часот е домаќин на Јувентус.