Навивачите на Ренџерс го слават Миовски - со пиво и песна во паб (ВИДЕО)
Тоа беа негови први голови во шкотската Премиер лига по повеќе од два месеца, а дојдоа во вистински момент бидејќи Ренџерс сега се на шест бода од првото место на табелата, позиција која пред неколку недели изгледаше недостижна. Навивачите на тимот од Глазгов се во еуфорија, а победата против Килмарнок ја прославија доцна синоќа.
Во фокусот на нивното славје беше токму Миовски кому му измислија и песна и ја пееја низ пабовите. Со три гола, македонскиот репрезентативец е втор стрелец кај Ренџерс оваа сезона, зад Таверние кој ги изведува пеналите на тимот.