Навивачите на Интер исти како тие на Шкендија - го погребаа ривалот во ковчег! (ВИДЕО)

За време на прославата за освоеното Скудето, на плоштадот во Милано, фанови на Интер ги поминаа границите на пристојност, извадија ковчег со боите на градскиот ривал Милан.

Интер на идеален начин го завери јубилејното 20. Скудето, со победа над вечниот ривал Милан од 2-1. Веднаш по победата навивачите на Интер во огромен број се собраа на полштадот да ја прослават победата.

Дел од нив извадија ковчег со боите Милан, го погребаа градскиот ривал.

Неодамна ова го видовме и во Тетово на мечот меѓу Шкендија и Вардар. Тогаш „Балистите“ извадија ковчег кој го симболизираше Вардар.