Навивачите на Барса му се пуштија на Гризман: Ти си крив што си оди Меси!

Навивачите во Барселона, кои синоќа ги удри шлог откако каталонската гордост објави дека Лионел Меси нема да продолжи да игра за клубот поради проблеми за регистрацијата и покрај начелниот договор за нова соработка го најдоа виновникот за сите проблеми – Ентоан Гризман.

Приврзаниците на Каталонците уште од синоќа го окупираа „Камп Ноу“ не верувајќи што се случува, па останаа цела ноќ и утринава ги дочекаа фудбалерите од актуелниот погон на утринскиот тренинг и кога се појави Гризман жестоко го нападнаа.

„Ти си крив за заминувањето на Меси. Требаше ти да си одиш“, му викаа навивачите на Гризман.

Французинот дојде во Барселона во 2019 година за 120 милиони евра од Атлетико Мадрид, се најавуваше негово заминување во размена за Саул Нигез, но од тоа не излезе ништо, а офанзивниот фудбалер од доаѓањето не ги исполни очекувањата, но е еден од прескапите играчи кои Барса сакаше да ги откачи за да го ослободи буџетот за да потпише Меси.

Аргентинецот не може да биде дел од Барселона поради финансискиот фер-плеј во Ла Лига, ама и презадолженоста на клубот и огромниот долг од 1,2 милијарди евра.