Навивачите го пречекаа Рибери во Фиренца (ВИДЕО)

Легендарниот Франк Рибери денеска пристигна во Фиренца, кадешто ќе потпише двегодишен договор со Фиорентина вреден четири милиони евра по сезона.

Поранешниот најдобар крилен фудбалер го пречекаа околу 100 навивачи. Иако има 36 години сепак нема сомнеж дека ќе биде квалитетно засилување за италијанската екипа.