Навивачи го молат Селтик да го купи Миовски!

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски игра одлично во дресот на Абердин и оваа сезона постигна 11 голови, меѓу кои еден и против шкотскиот гигант Ренџерс, а тоа предизвика реакции од навивачите на Селтик.

Фановите на најголемиот ривал на Ренџерс го молат тренерот Брендан Роџерс да го купи македонскиот голгетер кој би му ги решил проблемите во нападот.

Миовски импресионираше и минатата сезона, кога постигна 18 голови за Абердин и привлече интерес од неколку екипи.

„Би го земал Миовски во нашиот тим за да дава голови. Миовски би постигнал еден куп погодоци за Селтик. Бојан Миовски е фудбалер кој дефинитивно треба да стане дел од клубот уште во јануари“, се само дел од коментарите на навивачите.