
Наполитанците имаат големи очекувања од Елмас: Прекрасниот дијамант ќе почне да – блеска!
Под Везув сега очекуваат дека дијамантот допрва ќе блесне и ќе го видат сиот раскош на младиот македонски фудбалер, кој до прекинот и тоа како се наметна кај новиот тренер Џенаро Гатузо, па нема воопшто да биде изненадување ако и по рестартот на сезоната се најде во првите 11-мина.
„Во проблематичната сезона во која имаше многу проблеми, една од најсреќните ноти во последниот период беше Елиф Елмас, младиот фудбалер за врска од генерацијата 1999, кој посебно под палката на Џенаро Гатузо покажа многу важни квалитети во една сериозно голема конкуренција со одлична техника и како пример за 'отровот' за противниците што го бара тренерот. Откако беше виновник за победата кај Сасуоло, против Сампдорија даде гол и доминираше на теренот, водејќи го средниот ред како да е ветеран. Ова треба да е само најава дека прекрасниот дијамант ќе засјае. Играч кој во иднина ќе ги натера навивачите да веруваат многу повеќе“, пишува еден од порталите на неаполскиот калчолигаш.