Наполи нуди 50 милиони евра за замената на Кварацхелија
Тренерот Антонио Конте сака да го замени Кварацхелија со Гарначо од Манчестер јунајтед, но првата понуда на Наполи од 40 милиони евра беше одбиена од „ѓаволите“.
Наполи планира да испрати нова понуда до Манчестер во висина од 50 милиони евра, а наводно таа би била прифатлива за премиерлигашот.
Доколку не успеат да го ангажираат Гарначо, Конте и управата на Наполи ќе се насочат кон Јеремај Ернандез од Депортиво Ла Коруња.