Наполи ја зголемува конкуренцијата на Елмас во средниот ред

Наполи се подготвува за лето со многу трансфери, бидејќи неколку фудбалери се на излезни врати. 

Оваа сезона во Неапол освен Елиф Елмас, како засилувања во средниот ред пристигнаа Диего Деме и Стансислас Лоботка, а клубот веќе го планира и следниот трансфер. Италијанските медиуми велат дека прв на листата на желби на тренерот Џенаро Гатузо е фудбалерот на Калјари, Нахитан Нандез.

Уругваецот минатото лето пристигна на Сардинија од Бока Јуниорс како замена за Николо Барела. Веднаш импресионираше па Калјари му понуди нов договор со откупна клаузула од 38 милиони евра. Тоа е цената која Наполи треба да ја плати за да го доведе во своите редови, но се очекува касата на клубот летово да биде наполнета, бидејќи на излезни врати се Алан и Калиду Кулибали.

Нандез всушност треба да биде замена за Алан, бидејќи играат на иста позиција, последен играч за врска.