Наполи ја прегази Рома: Елмас учествуваше во третиот гол (ВИДЕО)

Наполи со 4-0 ја совлада Рома во рамки на дербито на 9.коло во Серија А. 

Домашниот тим беше на едно поинакво ниво во однос на гостите од Рим, па во чест на Диего Армандо Марадона запишаа убедлива победа. Лоренцо Инсиње во 31-та минута од слободен удар погоди за 1-0 и го посвети на клупската легенда која почина во средата.

Фабијан Руиз во 65-тата минута реализираше за 2-0. Третиот гол беше дело на Дрис Мертенс, кој реализираше на одбиената топка на голманот Миранте, по еден шут на Елиф Елмас. Точка на победата на Наполи стави Матео Политано во самиот финиш од натпреварот.

Наполи и Рома имаат по 17 бодови и ги окупираат 5 и 6.место на табелата во Серија А.