Наполи го совлада Беневенто: Елмас доби десетина минути (ВИДЕО)

Наполи продолжува да игра топло-ладно во Серија А, па по секој пораз следува победа. Минатото коло загуби од Аталанта, па денеска славеше со 2-0 против Беневенто во рамки на 24.коло. 

Дрис Мертенс ја најави победата во 34.минута, а конечните 2-0 ги постави Матео Политано во 66-тата минута. Калиду Кулибали во 82.минута заработи црвен картон кај домашниот тим, па тренерот Џенаро Гатузо направи две измени и му даде шанса на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас да одигра десетина минута на теренот.