Најскапиот фудбалер на денешницата заработува двојно помалку од Нејмар!

И покрај годините, Аргентинецот Лионел Меси (32) и Португалецот Кристијано Роналдо (35), се уште важат за најдобри фудбалери во моментов, но не и најскапи според трансфер-пазарот.

Како што нпишува „Франс Фудбал“, најскапиот играч на денешницата е Килијан Мбапе. Одличниот Французин чини 200 милиони евра, барем колку што кажуваше сумата до појавувањето на коронавирусот.

Иако е најскапиот играч на светот, Мбапе заработува двојно помалку од првата sвезда на ПСЖ, Нејмар.

„Франс Фудбал“ соопшти дека Нејмар заработува неверојатни 48.9 милиони евра на годишно ниво, додека Мбапе има плата од 21.2 милиони. Токму оваа разлика создава големи тензии во соблекувалната на ПСЖ.