Нагелсман се оладил за селекторската позиција на „елфот“ - мала му била платата!
Според информациите од Германија, Нагелсман се оладил зашто понудата што ја добил за позицијата селектор му е мала. Германската федерација му понудила четири милиони евра годишна плата, многу под платата што ја имаше во Баерн од седум милиони евра.
И сега останува нејасно дали Нагелсман и дефинитивно ќе ја одбие понудата или сепак ќе прифати да биде нов селектор. Баерн веќе најави дека нема да прави проблеми и ќе го ослободи тренерот за да ја преземе Германија.
Нагелсман во март неочекувано доби отказ и Томас Тухел го наследи на клупата на Баерн.
Германија во октомври ја чекаат две пријателски средби како одготовка за Еуро 2024 кое го организираат, па поради тоа и не играат квалификации, а пред себе ќе имаат дуели со два ко-домаќини за следниот Мундијал во 2026, САД на 14 октомври и Мексико на 18 октомври.
Месецов, Германците се посрамотија со поразот со 1-4 од Јапонија после кој Флик доби отказ, па ја победија Франција со 2-1.