На две недели пред дуелот со Македонија: Најдобриот фудбалер на Косово позитивен на Ковид-19!

Најдобриот фудбалер на Косово, Ведат Муричи се соочува со големи проблеми на две недели пред дуелот со Македонија во бараж-плејофот од Лигата на нации за пласман на Европското првенство (ЕП).

Италијански „Калчомеркато“ објави дека новиот фудбалер на Лацио имал позитивен тест на ковид-19, а тоа дефинитивно не се добри вести за нашиот противник во Лигата на нации.

Турски новинар прв ја објавил информацијата за позитивниот тест на Муричи, откако му порачал брзо да оздраве преку социјалните мрежи.

Македонија и Косово требаше да играат уште во март, но поради пандемијата на коронавирусот, мечот беше одложен за 8 октомври, додека ЕП се очекува да се одржи од 11 јуни до 11 јули 2021 година.