Мурињо заминува со повеќе освоени трофеи отколку Ливерпул во последните 10 години

Денеска и официјално, по серијата лоши резултати во Пемиерлигата, Жозе Мурињо веќе не е тренер на Манчестер јунајтед.

Капката која ја пречи чашата е поразот од Ливерпул со 3-1, но можеби да се случеше поразот при добра сезона немаше да биде избркан, но факт е дека Јунајтед заостанува огромни 19 бода зад првопласираниот Ливерпул и дека противникот на последниот натпревар упати дури 36 удари беа пресудни управата да го разреши.

Мурињо за предвремениот раскин на договорот ќе инкасира 30 милиони евра и јасно е дека во актуелната сезона нема да го гледаме како менаџер на некој клуб, а можеби наредната ќе се врати на старото место, како што е познато Флорентино Перез е заинтересиран за нова соработка со Специјалниот.

Како и да е, Мурињо е веќе минато за Манчестер јунајтед и во неговата ера тој освои три трофеи. Интересно, и тие три се повеќе за разлика од сето она што Ливерпул го има освоено во последната деценија, па навивачите на Јунајтед го исмеаја својот најголем ривал...