Мурињо: Ќе имам 80 години кога ќе стигне пресудата за Манчестер сити
Мурињо реши да се пошегува за евентуалниот епилог од случајот со „граѓаните“, затоа што тие тврдат дека не се виновни и веќе испратија жалба со што се одложува донесувањето на конечна одлука за нивната казна.
„Манчестер сити? Сега ќе има одлука, па жалба... Додека стигне конечната пресуда јас ќе имам 80 години“, се пошегува Мурињо.
Премиер лигата во 2023 година го обвини гигантот од Манчестер дека прекршил над 100 финансиски правила во период од сезоната 2009/10 до 2017/18, а независната комисија утврди дека имаат дури 114 прекршоци.
Фото: Facebook/RealMadridCF