Му пресуди убедливиот пораз: Уште една тренерска смена во Премиер лигата
Саутемптон по 16 натпревари има само пет бода и се наоѓа на дното на табелата во Премиер лигата.
„Можеме да потврдиме дека донесоме тешка одлука за разделба со тренерот на првиот тим Расел Мартин. На почетокот на сезоната сите знаевме какви предизвици не чекаат оваа година натпреварувајќи се во најконкурентната лига во светот. Сакаме да се заблагодариме на Расел за неговата напорна работа во изминатите 18 месеци“, соопштија од Саутемптон.
За 38-годишниот стратег актуелната сезона беше прво искуство во Премиер лигата и за него сам се избори откако во минатата преку плеј-офот во Чемпионшиш го донесе тимот помеѓу најислните клубови на Островот.