Монтела: Анчелоти може да ми биде асистент во Милан
Штом заработи отказ, медиумите веднаш започнаа да шпекулираат каде би можел да ја продолжи кариерата.
Британски „Мирор“ го сели италијанскиот стратег во Вест хем на местото на Славен Билиќ, а на Апенините Милан секогаш е „пенал“, со оглед на фактот дека Анчелоти освојувал титули со росонерите и како играч и како тренер.
По повод ваквите шпекулации, се огласи и актуелниот тренер на Милан, Виченцо Монтела и тоа со одредена доза на шега.
„Карло е личност кого многу го почитувам. Кога почнував да се занимавам со оваа работа, тој ми беше голема поддршка. Додека беше во Челси ме повика да му бидам асистент. Сега можеби е вистинскиот момент да му се оддолжам, па да го повикам да ми биде асистент во Милан“