Монца ќе си ја признае грешката, го враќа Неста на тренерското столче!

По тешкиот пораз од Лацио на Олимпико од 5-1, раководството на Монца е подготвено за нова тренерска промена, сакаат да го вратат Алесандро Неста, а да му дадат отказ на Салваторе Бокети.

Во декември Бокети беше назначен за нов тренер на Монца на местото од Неста. Но на седумте натпревар на кои го водеше тимот забележа дури шест порази.

Монца е закована на дното со мали шанси за опстанок, а информациите од Италија велат дека клубот ќе го врати Неста кој уште им е на платниот список.