Многу шанси, ниту еден гол на дербито на Италија (ВИДЕО)

Јувентус и Интер одигра без голови во дербито на 16.коло во Серија А.

Иако натпреварот не беше здодевен како што тоа можеби го покажува резултатот. Шансите ги имаше Јувентус, а поседот на топка Интер без конкретна опасност за Џиџи Буфон. „Старата дама“ во првото полувреме многу лесно можеше да поведе, по двете одлични шанси на Марио Манџукиќ, но хрватскиот интернационалец не успеа да погоди. Во вториот дел продолжи доминацијата на Јувентус, но Интер добро се бранеше и успеваше да го зачува својот гол.

Интер можеби ќе биде позадоволен од бодот во Торино, бидејќи останува непоразен и по 16 натпревари, но утре може да се случи да го загуби првото место, доколку Наполи ја совлада Фиорентина.