Миовски со прекрасен гол ја почна новата сезона во Унгарија (ВИДЕО)

МТК не ја почна сезоната како што очекуваше, односно одигра реми против Гирмот (1-1), а стрелец на денешниот дуел беше и македонскиот фудбалер Бојан Миовски.

Фереира си постигна автогол за водство на домаќините од 1-0 во 27. минута, додека Миовски во вториот дел даде прекрасен гол за израмнување на 1-1.

Миовски и минатата сезона беше одличен во редовите на МТК, а на 26 дуели во унгарскиот шампионат постигна седум гола и пет асистенции.