Миовски стрелец за Ренџерс - четврти гол во шкотската лига! (ВИДЕО)
Македонецот денеска беше стартер против Килмарнок. Во текот на мечот имаше неколку шанси, а ја искористи таа која ја доби во 58. минута за зголемување на водството на неговиот тим на 2-0.
Миовски во претходните месеци даде повеќе куп голови, а во Премиер лигата не добиваше голема шанса за настап како стартер, конечно тренерот му даде простор за игра, тој ја искористи со погодок.