„Милионерите“ го згазија Фрајбург, Халанд го продолжи теророт врз голманите (ВИДЕО)

Фудбалерите на Борусија Дортмунд го продолжија ловот на Баерн Минхен на врвот од табелата во Бундеслигата, откако вечерва одиграа брилијантен меч во кој го прегазија сезината одличниот Фрајбург (5-1).

Победникот беше решен уште во првите половина час, во кои „милионерите“ преку Томас Муние постигнаа два гола, обата на асистенција на Џулиан Брент. Точка на одличната игра во овој дел од мечот стави Ерлинг Халанд во првата минута од судиското продолжение со својот прв погодок. Норвежанецот во 75. минута го постигна својот втор гол, откако претходно Демировиќ во 61. минута донесе каква-таква надеж за гостинскиот тим, со својот 12. погодок во седмиот по ред меч на домашен терен. Точка на убедливиот триумф стави Дахи пред крајот на средбата.

Борусија Дортмунд сега има 40 бодови до 19 меча, три помалку од лидерот Баерн Минхен, кој утре ќе треба да го одигра мечот на гости против Келн.