Милан во Чикаго го совлада некомплетниот Реал (ВИДЕО)

Најтрофејните екипи во Лигата на шампионите се сретнаа синоќа во пријателски меч во Чикаго, во рамките на подготовките за новата сезона.

Милан го победи Реал со 1-0 благодарение на голот на Чуквуезе во 55. минута со тоа што „кралскиот клуб“ уште е некомплетен бидејќи ги нема првите ѕвезди на екипата Мбапе, Винисиус и Белингам.

Интересно е што ова е прв пораз за Реал, макар и на неофицијален меч, по пауза од шест месеци откако загуби во јануари од Атлетико во осминафиналето на Копа дел Реј. Што се однесува до Милан, ова е втор триумф за него за време на подготовките во САД, по триумфот против Манчестер Сити со 3-2.