Милан Ристовски со два пенали го урна лидерот во Словачка

Трнава ја продолжи победничката серија во шампионатот на Словачка, откако вечерва го совлада лидерот на табелата Слован Братислава (3-0), а македонскиот фудбалер Милан Ристовски постигна два гола.

Ристовски го отвори резултатот во 21. минута со удар од белата точка, по што Јусуф зголеми на 2-0 во 76. минута, а победата на Трнава ја запечати Ристовски со нов гол од пенал (3-0).

Трнава има 53 бода на третата позиција, додека Слован Братислава има 12 бода повеќе од нив.